Македонија Антонио Милошоски во посета на Јапонија

Антонио Милошоски во посета на Јапонија

На покана на парламентарниот заменик-министер за надворешни работи, Такао Макино, потпретседателот на Собранието на Република Македонија, Антонио Милошоски, ќе престојува во посета на Јапонија.

Макино, кој е член на Горниот Дом на јапонскиот Парламент, е иницијатор за формирање на парламентарната група за јапонско-македонско пријателство, како заедничка цел на двете земји за унапредување на билатералните односи.