Култура Ансамблот „Македонка“ од Торонто ќе одржи концерт во Прилеп

Ансамблот „Македонка“ од Торонто ќе одржи концерт во Прилеп

Ансамблот „Македoнка“ од Торонто, Канада, ќе одржи целовечерен концерт на плоштадот Александрија, во рамките на Прилепското културно лето, во вторник од 21 часот.

Домаќин ќе му биде КУД „Моминок“ од Прилеп, а двете друштва ќе се претстават со дел од богатиот репертоар на македoнски ора.

„Македонка“ е еден од најпознатите ансамбли на македонски песни и ора во Торонто и воопшто во Северна Америка.