Свет Анкета: Мнозинството Шкотланѓани сега би гласале за независност

Анкета: Мнозинството Шкотланѓани сега би гласале за независност

Новиот референдум би бил позитивен - Шкотска

Доколку се одржи нов референдум, мнозинството Шкотланѓани би гласале за независност, покажа најновата анкета, направена шест недели откако Шкотка се изјасни против напуштањето на Обединетото Кралство.

Според сондажата на „Југов пол“ за весникот „Тајмс“, 52 проценти од анкетираните би гласале за независност, а 48 отсто за останување во Обединетото Кралство.

Во септември, 55 отсто од Шкотланѓаните беа против независноста.

Според анкетата, Ед Милибенд, лидерот на британската опозициска лабуристичка партија, нема големи шанси на изборите во мај да го замени на премиерското место сегашниот лидер на конзервативците, Дејвид Камерон.
Во Обединетото Кралство се Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска. Во Англија живеат 85 отсто од вкупниот број жители на Велика Британија.