Свет Балкан Анкара: Во Сирија да се формира зона забранета за летање

Анкара: Во Сирија да се формира зона забранета за летање

Неопходно е формирање на зона во Сирија, во која ќе бидат забранети сите летови, изјави Ибрахим Калин, портпаролот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Портпаролот на официјална Анкара вели дека зоната мора што побргу да биде формирана и додаде дека лансирањето на американските проектили врз сириската воена база е „позитивен одговор на воените злосторства“.

Калин наведе дека уништувањето на воздухопловната база во Шајрат претставува одговор на употребата на хемиското оружје во нападите на цивили и дека им дава на знаење на сите дека таквите работи не може да минат неказнето.