Главна секција Ангеловска Бежоска ќе положи заклетва пред Џафери, па ќе ја прими должноста...

Ангеловска Бежоска ќе положи заклетва пред Џафери, па ќе ја прими должноста од Богов

Новата гувернерка на Народна банка на Македонија, Анита Ангеловска Бежоска денеска во 9.30 часот ќе даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери, во Охридска сала.

Потоа, во Народна банка, по прес-конференцијата во 11 часот, ќе има примопредавање на должноста со досегашниот гувернер Димитар Богов.

Анита Ангеловска-Бежоска вчера беше едногласно изгласана за гувернерка во Собранието од страна на 81 пратеник со што се постигна консензус помеѓу политичките партии околу изборот на новата гувернеркa.