Македонија Ангелов: Во јули имавме 765 пожари во државата, некои од нив беа...

Ангелов: Во јули имавме 765 пожари во државата, некои од нив беа многу тешки за гасење

„Ангажирани се 150 војници и локални пожарникари. Има вработени во Национални шуми, припадници на Дирекција за заштита и спасување, а на многу места помага и локалното население“, додаде Ангелов

Фото: ЦУК (30 јули 2024)

Во месец јули имавме 765 пожари на отворено, а меѓу нив имаме и пожари кои се најтешки за гасење од осамостојувањето до денес, изјави денеска директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

„Денеска имавме 20 пожари на отворено, 5 се изгаснати, 3 се под контрола, а 12 се активни. Во јули имавме 765 пожари на отворено. Апелирам утре, за празникот да бидат внимателни граѓаните, посебно ако се движат во природа. Денеска имавме неколку домашни летала, како и 2 армиски хеликоптери. Дејствувавме и стававме акцент на заштита на животите на луѓето“, кажа тој.

Хеликоптерите, како што додаде Ангелов, дејствуваат меѓу Пробиштип и Св. Николе бидејќи таму имало долга пожарна линија.

„Ангажирани се 150 војници и локални пожарникари. Има вработени во Национални шуми, припадници на Дирекција за заштита и спасување, а на многу места помага и локалното население“, додаде Ангелов.