Македонија Ангелов на полицајците: Спремни ли сте да пукате со гумени патрони по...

Ангелов на полицајците: Спремни ли сте да пукате со гумени патрони по народот?

„Ве прашувам пред македонската јавност, некои од вас знам, дали сте подготвени да го тепате македонскиот народ ако знаете дека наредбата е апсурдна? Дали сте спремни со гумени патрони да пукате по нашиот македонски народ?“ Вака им се обрати на полицајците пред Влада, Стојанче Ангелов, претседател на Достоинство, објави „А1 он“.

Тој рече дека од изразот на  лицата на полицајците, може да се заклучи дека народот не треба да се плаши од нив.

– Ова се наши луѓе, патриоти, чесни луѓе што се подготвени да загинат за државата и за народот, а не против народот. Повеќе од нив, лично ги знам, овде има и членови на Достоинство, кои, нормално, сега нема да ги повикам бидејќи Јанкулоска уште денеска ќе ги избрка на улица – рече Ангелов.

Тој уште вчера, преку социјалните мрежи, најави дека ако треб,а и сам ќе ја почне битката против режимот.

„За денешниот мал собир, очекувам поддршка од десетина луѓе. Тие што можете, дојдете! Дојдете, без разлика на вашата партиска припадност. Нам ни требаат искрени и храбри луѓе, згрозени од она што се случува“, напиша на својот фејсбук-профил Стојанче Ангелов.