Технологија Гаџети Андроид го надмина Виндоус како најкористен оперативен систем при сурфање

Андроид го надмина Виндоус како најкористен оперативен систем при сурфање

Оперативниот систем за паметни телефони и таблети Андроид првпат во својата историја го надмина Виндоус како најкористен оперативен систем при сурфањето на интернет.

Според истражувањето на компанијата за веб-аналитика „СтатКаунтер“, во март годинава 37,93 отсто од сето сурфање на интернет што компанијата регистрирала отпаѓале на Андроид, а Виндоус е само малку подолу, со 37,91 отсто. Компанијата напоменува дека станува збор за мерење на активноста, а не на бројот на корисниците.

„СтатКаунтер“ своите анализи ги прави врз основа на 2,5 милиони вебсајтови за кои вели дека месечно регистираат 15 милијарди посети. Според графиконот со кој го покажува растот на Андроид уште од март 2012, овој оперативен систем расте на пазарот уште од март 2014.