Македонија АМСМ: Возете внимателно, поради магла видливоста е намалена на 50 метри

АМСМ: Возете внимателно, поради магла видливоста е намалена на 50 метри

Поради појава на магла, видливоста во Маџари, Петровец, Катланово и во Куманово е намалена на 50 до 100 метри, информираат од Автомото-сојузот на Македонија.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и по наместа влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Особено внимание е потребно на делниците што минуваат низ клисурите и низ засеците, како и на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од земјата.