Македонија АМСМ: Внимателно возење на делниците каде се изведуваат градежни работи

АМСМ: Внимателно возење на делниците каде се изведуваат градежни работи

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од АМСМ. Оттаму препорачуваат внимателно возење и почитување на патната сигнализација, особено на местата каде се изведуваат градежни работи.

Особено внимание се препорачува за делниците што минуваат низ клисурите и низ засеците, посебно на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.