Македонија AМСМ: Свлечишта на два патни правци

AМСМ: Свлечишта на два патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Прекин во сообраќајот има на патниот правец Крива Паланка – село Огут поради свлечиште. Екипите на јавното претпријатие „Македонија пат“ работат на расчистување на свлечиштето и нормализација на сообраќајот.

Исто така, поради свлечиште, на патниот правец Макази – граничен премин Маркова Нога кај местото наречено Долги Рид сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри, каде што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.