Македонија АМСМ: Сообраќајот се одвива по влажни коловози со намалена видливост поради магла

АМСМ: Сообраќајот се одвива по влажни коловози со намалена видливост поради магла

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по влажни коловози. Намалена видливост поради магла има на Страцин до 50 метри. На коловозите има остатоци од кашест снег по интервенцијата од дежурните екипи на Јавното претпријатие „Македонија пат“, информираат од АМСМ.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Особено внимание е потребно на делниците што минуваат низ клисурите и низ засеците, како и на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од земјава. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.