Македонија АМСМ: Снег на патот Крива Паланка – Деве Баир

АМСМ: Снег на патот Крива Паланка – Деве Баир

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. На повисоките и осојничави места се бележат влажни коловози. На патниот правец Крива Паланка-граничен премин Деве Баир има врнежи од снег, информираат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.