Хроника Американски државјанин загина при пад од станбена зграда во Охрид!?

Американски државјанин загина при пад од станбена зграда во Охрид!?

Маж, на возраст од околу 64 години, денеска попладне го загуби животот при пад од зграда во строгиот центар на Охрид.

Засега не е познат индентитетот на настраданиот, а како што пренесува порталот „Охрид прес“, станува збор за американски државјанин.

Повеќе информации за случајот се очекуваат по завршувањето на полицискиот увид. Се претпоставува дека станува збор за самоубиство.

Лицето настрадало околу 16 часот, при пад од шести кат на станбена зграда, која се наоѓа во делот помеѓу старата автобуска станица и зградата на „Телеком“ во Охрид.