Македонија Американ колеџ со договор за соработка со Мастрихт школата

Американ колеџ со договор за соработка со Мастрихт школата

Американ колеџ во Скопје

Договор за соработка со Мастрихт школата за менаџмент потпиша денеска Американ колеџ од Скопје со што стана првата високообразовна институција во земјава со воведување на МБА програмата.

Таа е рангирана помеѓу првите 100 во светот по Шангајската листа и како глобален проект се спроведува во уште 15 земји во светот.

Предвидено е програмата да се реализира од март следната година, а уписите да почнат од јануари.