Економија „Алибаба“ сака да го купи „кинескиот Јутјуб “ за 3,6 милијарди долари

„Алибаба“ сака да го купи „кинескиот Јутјуб “ за 3,6 милијарди долари

Кинеската компанија „Алибаба“ понуди да го купи преостанатиот дел од кинескиот сервис за видеостриминг „Јоуку тудоу“ за 3,6 милијарди долари за да ја прошири својата основна дејност, продажба преку интернет.

Со тоа, компанијата „Алибаба“, која ги проширува своите услуги и во филмската дејност, ќе добие поголема платформа за емитување на содржини, меѓу кои и холивудските скапи филмови.

– Дигиталните производи, особено видеосодржините, се важни како и физичката стока во електронската трговија. Видеосодржините што се емитуваат преку „Јуоку“ ќе бидат дел од дигиталните производи на „Алибаба“ во иднина – изјави директорот на „Алибаба“, Даниел Жанг.

„Алибаба“ веќе поседува 18,3 проценти од акциите на „Јуоку Тудоу“ со кои се тргува на њујоршката берза, а понуди преостанатите акции да ги купи за 26,6 долари по акција, што е за 30,2 проценти повеќе од цената на затворањето на берзата до вчера.