fbpx

Експерти од „Алибаба“, „Спотифај“ и „Вајбер“ доаѓаат во Скопје на Конференцијата за е-трговија

-

Најголемата конференција за е-трговија во Македонија оваа година по четврти пат ќе се одржи на 12 ноември под мотото „Ready, set, grow!”.

„И годинава, конференцијата за е-трговија ќе биде место каде што сите присутни ќе можат да ги прошират своите знаења во областа на е-трговијата, како и да се запознаат со домашните и странски експерти од областа на е-трговијата, дигитализацијата, е-плаќањата и дигиталниот маркетинг.Во, досега најбогатата програма, конференцијата ќе биде домаќин на преку 25 домашни и странски експерти од 10 различни држави во светот, кои ќе го пренесат своето искуство и знаење преку клучни говори, панел дискусии и неформални разговори, на различни теми поврзани со можностите за раст на бизнисите во е-трговија, по многубројните адаптации што беа направени речиси во сите сфери на работењето, како одговор на глобалната пандемија,“ соопштија организаторите од популарно.мк.

Во соопштението се додава дека директно од големиот светски гигант „Алибаба“ („Alibaba Group“) на конференцијата ќе говори директорката за глобални клучни клиенти, Шарон Гаи, која ќе ја пренесе својата експертиза  за развојот на социјалната е-трговија и лекциите научени од Кина.

„Своето искуство пред присутните ќе го претстави и Константин Костадинов од комуникациската платформа „Вајбер“ („Rakuten Viber“), кој работи како директор на продажба за Централна и Југоисточна Европа и кој ќе зборува за моќта на апликациите за разговор и тоа како да ги вклучите корисниците и да постигнете успех со помош на дигиталниот маркетинг. Листата на еминентни говорници на конференцијата е збогатена и со претставник од можеби најпопуларниот бренд во музичката стриминг индустрија, Ана Горка, која како партнер за Балканот во „Спотифај“ („Spotify“) на публиката ќе им ги доближи можностите за рекламирање на „Спотифај“ и како тоа може да помогне за градење свест за вашиот бренд,“ се додава во соопштението.

Конференцијата годинава ќе се одржи во хибриден формат, односно учесниците ќе имаат можност да одберат дали преферираат учество на конференцијата со физичко присуство во хотел DoubleTree by Hilton, со следење на сите актуелни протоколи против ширење на пандемијата, или пак да ја следат конференцијата преку интернет, од удобноста на својот дом или на работно место.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...