Македонија Али Ахмети: Слободните избори се одраз на нивото на демократија во државата

Али Ахмети: Слободните избори се одраз на нивото на демократија во државата

Фото: ДУИ

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети денес гласаше во неговото родно место во кичевското село Зајас. По гласањето Ахмети им порача на граѓаните да излезат на гласање затоа што тоа е чекор напред кон иднината и воедно да се помогне со вредностите за градењето на државата.

„Ова е култура, семеен и државен празник на кој се демонстрираат вистинските демократски вредности. Ние сме земја на прагот на почетокот на преговорите со ЕУ и овој изборен процес секако помага за вредностите што ги градиме како држава. На крајот од процесот, им посакувам на сите страни со мудрост и разум да ги прифатат резултатите и потоа да работиме напорно во исполнувањето на нашите обврски, како во однос на исполнувањето на нашите обврски кон европските процеси, така и кон животниот стандард на граѓаните. Да има повеќе придонесувачи и дијалог и компромис меѓу партиите затоа што тоа е важен процес, така што јас ќе бидам еден од соработниците што ќе апелирам ова да се постигне бидејќи ова достигнување е во корист на сите“, рече претседателот на ДУИ Ахмети.