Свет Балкан Албанскиот претседател го врати законот за увоз на отпад во парламентот

Албанскиот претседател го врати законот за увоз на отпад во парламентот

Албанскиот претседател, Бујар Нишани, денеска донесе правен акт со кој бара парламентот повторно да го разгледа законот за увоз на отпад.

Во документот се наведува дека законот за увоз на отпад повеќекратно го крши уставот на Албанија.

Одлуката на Нишани следува по консултациите со активистите од граѓанските организации, како и со претставниците на компаниите за рециклирање. Средбата се одржа откако илјадници Албанци протестираа поради носењето на законот.