Хроника Албански државјанин шверцувал свежа риба на Ќафасан

Албански државјанин шверцувал свежа риба на Ќафасан

Царинска управа на Република Македонија открила и запленила 20 килограми свежа риба на граничниот премин Ќафасан, кај Струга.

Шверцуваната риба била откриена при контрола на албански автомобил, управуван од албански државјанин, пријавен за влез во земјата на граничниот премин на албанско-македонската граница.

Непријавените риби, пронајдени во две торби, кои биле сместени пред совозачкото седиште, се привремено здржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.