Економија Албанија со 150 милиони долари ќе го обновува енергетскиот сектор

Албанија со 150 милиони долари ќе го обновува енергетскиот сектор

Më 29 shtator u miratua huaja nga Bordi i Drejtorëve të BB-së

Албанската влада и Светска банка во Тирана потпишаа спогодба за заем во износ од 150 милиони долари за финансирање проект за преструктуирање на енергетскиот сектор во Албанија, кој се наоѓа на прагот на банкрот.

Доставувањето на заемот беше одобрено на 29 септември од управниот совет на СБ и има цел да ја подобри финансиската состојба и одржливоста на тој сектор, со акцент на подобрување на снабдувањето со електрична енергија.

Претставничката на СБ, Елен Голштејн, изјави дека реформите се неопходност за Албанија и оти тие треба да се реализираат независно од цената што треба да се плати за нив.