Македонија Албанија ги зголеми безбедносните мерки

Албанија ги зголеми безбедносните мерки

Во Албанија е зголемено нивото на безбедност по терористичките закани и напади во Европа, соопшти албанската полиција.

Полицијата најави зголемено присуство во градовите и зголемени безбедносни мерки на настаните на кои се собираат голем број луѓе, во трговски центри, дипломатски претставништва…

Зајакната е и безбедноста во пограничните области и на граничните премини.

Во соопштението се додава дека надлежните за борба против тероризмот „работат интензивно да држење под контрола на ризичните луѓе, или оние со радикални тенденции“.