Свет Балкан Албанец загина во Сирија

Албанец загина во Сирија

Албанецот Шкелзен Думани загина борејќи за екстремистичката ИСИС во Сирија

Албанец од редовите на ИСИС загина во Сирија, јавуваат балканските медиуми.

Станува збор за албанскиот државјанин Шкелзен Думани од Пешкопеја, кој повеќе од една година се борел во Сирија на страна на екстремистите. Информациите за неговиот идентитет и за загинувањето ги потврдија и неговите роднини.
Како што јавува албанскиот весник „Газета тема“, 39-годишниот Шкелзен Думани го финансирал и организирал заминувањето на Албанците во Сирија.

Албанските медиуми јавуваат дека Думани пред една година ја напуштил сопругата и ги киднапирал своите две деца, кои, според последните информации, се наоѓаат во некој од воените кампови на ИСИС во Сирија.
Официјална Тирана во март годинава распиша меѓународна потерница за Думани поради помагање терористички организации.