Македонија Акција на УЈП и на полицијата во Сарај и во Тетово, се...

Акција на УЈП и на полицијата во Сарај и во Тетово, се контролираат угостителски објекти

Силно присуство на специјалните полициските сили е забележано синоќа во скопската општина Сарај, а како што пренесуваат медиумите, слична била состојбата и во Тетово и во Куманово.

Од полицијата велат дека нивни специјални тимови им асистираат на инспектори на Управата за јавни приходи (УЈП), кои вршат контроли во угостителски објекти во Сарај и во Тетово.

– Станува збор за проверка дали се почитува законсата регулатива од угостителските објекти. Досега се извршени контроли во пет објекти – изјави портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски, за телевизија „Сител“.

Како што пренесуваат медиумите на албански јазик, граѓаните на овие општини се револтирани поради контролите на УЈП, а сопствениците на угостителските објекти велат дека имаат чиста документација и се зачудени зошто УЈП им врши контроли.