Македонија Активната регистрација договорена, на маса Македонија како една изборна единица

Активната регистрација договорена, на маса Македонија како една изборна единица

Почна денешната средба на претставниците на работните групи во Клубот на пратениците на која се очекува да се дојде до некое решени околу регистрацијата на избирачите во Избирачкиот список.

Најверојатно ќе се прифати решението за активна регистрација на гласачите, а СДСМ исто така денеска ќе предложи Македонија да биде една изборна единица.

Претставници од СДСМ во работните групи денеска ќе бидат Цветанка Иванова и Дамјан Манчевски, а од ВМРО-ДПМНЕ се Никола Попоски и Никола Тодоров. ДУИ ја претставуваат Артан Груби и Муса Џафери, додека ДПА – Имер Алиу и Беким Фазлиу.