Забава Ајкула „учествувала“ на натпревар во сурфање

Ајкула „учествувала“ на натпревар во сурфање

Во градот Кофс Харбор во Австралија е направена интересна фотографија на ајкула како излегува од водата за време на натпреварувањето во сурфање во женска категорија. Инцидентот случајно го фотографирал Стеф Белами, кој го следел натпреварувањето. Иако никој не можел да потврди за каков вид ајкаула се работи, неколку жени рекле дека таа била многу блиску до натпреварувачките, кои се уплашиле и веднаш почнале да пливаат кон брегот.