Сурферски натпревар за Ноќта на вештерките

Американската држава Калифорнија е значително поинаква од останатите сојузни држави на САД. Во неа, ако може, сите настани би се одржале со сурфање.

Некои од калифорниските настани знаат да бидат особено забавни и креативни, а доказ за тоа е и сурферскиот натпревар за Ноќта на вештерките во Санта Моника. Настанот се одржа во рамките на сурферски предизвик, а сите учесници мораа да бидат маскирани додека се борат со брановите.