Македонија Ахмети – Ромео: Сите да придонесеме за добар изборен процес

Ахмети – Ромео: Сите да придонесеме за добар изборен процес

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, денеска се сретна со новоименуваниот италијански амбасадор во Македонија, Карло Ромео.

Ахмети и амбасадорот Ромео разговарале за политичката ситуација во земјава и за изборите на 11 декември, но и за реформите, како и за интеграцијата на Македонија во НАТО и во ЕУ.

Ахмети ги појаснил ставовите на ДУИ за иборите на 11 декември, апелирајќи до сите заинтересирани страни да придонесат за изборниот процес.

Лидерот на ДУИ го повторил ставот дека владеењето на правото и системските реформи се составен дел од програмата на неговата партија, заедно со еднаквоста на сите граѓани и економијата.

Ахмети ја повикал Италија да продолжи со поддршката на интегративниот процес на Македонија кон НАТО и кон ЕУ, што ќе овозможи внатрешна стабилност, безбедност, добри меѓуетнички и соседски односи, како и економски развој.