Македонија Ахмети: Не поддржуваме нови договори, избори ќе има на 24 април

Ахмети: Не поддржуваме нови договори, избори ќе има на 24 април

ДУИ не поддржува ниту нови, ниту рекомпонирани договори и стои на тоа изборите да се одржат на 24 април, изјави синоќа на средба со граѓаните во Дебар, Али Ахмети. Доколку тоа се случи, рече Ахмети, ДУИ ќе излезе со своја платформа и ќе остане доследна на договорот постигнат во јуни, односно јули.

– Право е на секој да поставува вето, да бара нов договор. Доколку се бара да се донесе нов договор или негова измена, тогаш на тоа треба да се согласат сите четири страни потписнички на Договорот од Пржино, кој беше донесен по многу анализи и разговори помогнати од ЕУ и од САД. Затоа ДУИ не поддржува нов договор или негова измена. Убедени сме дека сите страни ќе се ангажираат и ќе ги исполнат сите обврски од договорот на кои се согласија и заедно ќе обезбедиме избори според европски стандарди, признати од сите – рекол Ахмети.