Македонија Ахмети на средба со Фурние и со Оер

Ахмети на средба со Фурние и со Оер

Али Ахмети, претседателот на ДУИ, денеска во седиштето на партијата во Тетово, се сретна со Ерик Фурние, директор за Континентална Европа во француското МНР и со Лоренс Оер, амбасадорка на Франција во Македонија. Тема на средбата биле актуелната криза во земјата, политичкиот дијалог и договорот постигнат на 2 јуни и евроатланската интеграција на државата.

„Франција е голем пријател и поддржувач на стабилноста и на безбедноста на Македонија, како и на нејзината евроатланска перспектива. Франција, исто така, го поддржува воспоставувањето вистински политички дијалог и спроведувањето на постигнатиот договор“, изјави Оер.

Ахмети истакна дека ДУИ одигра конструктивна улога во решавањето на тешката политичка криза.
„ДУИ дејствува со целосна одговорност, поставувајќи ги државните интереси пред партиските и одлучи да помогне во решавањето на кризата, а не да ја продлабочи со постапки што би биле од корист на ДУИ, а не на државата“, изјавил Ахмети.