Македонија Ахмети: Ја поздравувам одлуката на СДСМ да остане во Владата и во...

Ахмети: Ја поздравувам одлуката на СДСМ да остане во Владата и во Собранието

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на својот профил на „Фејсбук“ ја поздрави синоќешната одлука на опозицискиот СДСМ да остане дел од процесот на решавање на политичката криза во земјата преку активно учество во Собранието, Владата, како и во работните групи за спроведување на Договорот од Пржино.

„Се надевам дека во следните денови сите политички партии ќе дадат свој придонес да се надминат и последните отворени прашања пред одржувањето на предвремените избори и на тој начин да бидат ценети од граѓаните како активни учесници во решавањето на кризата и враќањето во нормален тек. Граѓаните очекуваат подготвеност и решителност од политичарите и од политичките партии за да носат храбри одлуки во интерес на земјата и затоа ова беше единствената правна одлука во овие пресудни денови. Ние остануваме целосно посветени да помогнеме во подготвките на ДИК за предвремените избори и да ги затвориме веднаш и другите отворени прашања“, напиша Ахмети.