Македонија Ахмети и Заев разговараа за политичката криза и за оставка на Иванов

Ахмети и Заев разговараа за политичката криза и за оставка на Иванов

Претседателите на ДУИ и на СДСМ, Али Ахмети и Зоран Заев, денеска имале средба од половина час на која разговарале за актуелната ситуација, за општата амнестија на политичарите што ја потпиша претседателот Ѓорге Иванов и за негова оставка.

Ставот на двете партии е дека одлуката за аболиција од претседателот Иванов треба да биде отповикана.

Лидерот на ДУИ денеска ја потпишал и иницијативата за отповикување на Иванов од претседателската функција.

Ахмети денеска претходно се сретнал со амбасадорите на САД, Џес Бејли, и на ЕУ, Аиво Орав.