Македонија Ахмети – Бејли: Заедничка цел е демократско општество

Ахмети – Бејли: Заедничка цел е демократско општество

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, денеска со амбасадорот на САД, Џес Бејли, разговарал за политичката ситуација, изборите на 11 декември, реформите, владеењето на правото, како и за интеграцијата на Македонија во НАТО и во ЕУ.

Како што соопштија од ДУИ, Ахмети ги презентирал ставовите на неговата партија за политичката ситуација, нагласувајќи дека веродостојни и сеопфатни избори се почеток на решавање на кризата и оти ДУИ е подготвена за избори.

„Владеењето на правото и системските реформи се составен дел од програмата на ДУИ и се столб на нашата понуда заедно со евроатлантската интеграција, добрососедството, меѓуетничките односи и економскиот развој. ДУИ и меѓународните сојузници имаат заеднички цели за демократско општество и затоа нема да престанеме со нашите напори за да ги постигнеме, бидејќи граѓаните го очекуваат тоа од нас“, стои во соопштението од ДУИ.