Македонија Агелер: Не ми е познато за конкретно руско влијание врз изборите, но...

Агелер: Не ми е познато за конкретно руско влијание врз изборите, но сигурна сум дека го има

Немам сознанија дека има некое експлицитно и специфично влијание, но, уверена сум дека тоа е тука, бидејќи генерално го има во регионот, изјави американската амбасадорка во земјава

Фото: Министерство за образование и наука

Американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер денеска изјави дека не ѝ е познато дека има некакво конкретно и експлицитно руско влијание врз изборите годинава, но дека уверена е дека истото е присутно.

Одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето на меморандумот за спроведување на Фулбрајт програмата за академска размена со министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, Агелер порача дека најважно за граѓаните е добро да се едуцираат за кандидатите во изборниот процес.

„Немам сознанија дека има некое експлицитно и специфично влијание, но, уверена сум дека тоа е тука, бидејќи генерално го има во регионот. Мислам дека она што е најважно како што се движиме во кон овој изборен период е граѓаните на оваа земја да поставуваат прашања за кандидатите и да ги земат предвид нивните приоритети, кога ќе гласаат. Тоа за мене е најважно и секако да се едуцираат себе си за процесот и за кандидатите, без разлика кој би можел да се меша, тоа е најважната алатка која ја имаат“, истакна американската амбасадорка Агелер.