Свет Африканската унија не го признава пучот во Зимбабве

Африканската унија не го признава пучот во Зимбабве

Африканската унија денеска соопшти дена не го признава воениот удар во Зимбабве и повика на почитувањето на уставот.

– Повикуваме на почитување на уставот, враќање на уставниот поредок и никогаш нема да прифатиме воен удар – рече Алфа Конде, претседател на Гвинеја и претседавач на Африканската унија.

Војската вчера презеде контрола над Зимбабве, а претседателот Роберт Мугабе е ставен во домашен притвор.