Македонија Адеми потпиша Меморандум за соработка со Британскиот совет

Адеми потпиша Меморандум за соработка со Британскиот совет

Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, и извршниот директор на Британскиот совет во Македонија, Елеонора Запрова, потпишаа Меморандум за оперативна соработка.

„Целта на овој меморандум е да се воспостави соработка помеѓу Британскиот совет во Македонија и Министерството за образование и наука, за да се обезбедат консултантски услги за спроведување подготвителни активности за проектот „Имплементација на легислативата за заемно признавање на професионалните квалификации“. Финансиските средства за консултантските услуги ќе бидат обезбедени од Британскиот совет во Македонија и од Министерството за образование и наука“, соопштуваат од МОН.