Македонија Адеми: Наставниците што штрајкуваат нема да земат плата

Адеми: Наставниците што штрајкуваат нема да земат плата

Наставниците што протестираат нема да добијат плата за јануари, рече од собраниската говорница денеска министерот за образование, Абдилаќим Адеми, одговарајќи на пратеничко прашање.

– Во период на штрајк и кога се работи за нови барања врз основа на колективниот договор, член 54 алинеја 2, работодавецот е обврзан да исплаќа само придонеси за наставниците што се на штрајк. Наставниците не се информирани дека за овој период нема да добијат цела плата од МОН, односно од општините. Исто така не се информирани и тие кои не се членови на синдикатот, но се солидаризираат дека нема да можат да добијат разлика во плата. Учениците не се добро информирани и се злоупотребени во некои случаи, особено со екстерното тестирање, затоа што не им е дозволено да влезат на екстерно тестирање и, за жал, ова ќе има последици за самите ученици и за нивните семејства. МОН ги разгледува сите можности учениците да немаат последици од злоупотребата од страна на некои наставници и од СОНК и ќе им дадеме дополнителна можност за екстерно тестирање – рече Адеми.