Македонија Адеми на конференција за идните педагози, наставници и воспитувачи

Адеми на конференција за идните педагози, наставници и воспитувачи

Министерството, напомена Адеми, како матична институција се грижи за образовните политики кои го креираат образовниот простор во Република Македонија

Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, денеска присуствуваше на Меѓународната научна конференција „Практичната настава на идните педагози, наставници и воспитувачи во мултикултурни средини – искуства и предизвици“, која се одржа на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Министерот истакна дека ваква заедничка средба на практичари и на научни соработници ќе даде конструктивни искуства и идни соработки, кои ќе придонесат за понатамошно унапредување на релевантните образовни политики.

Министерството, напомена Адеми, како матична институција, се грижи за образовните политики што го креираат образовниот простор во Република Македонија.

При тоа, истакна Адеми, евидентно е дека воведувањето и имплементацијата на бројните промени, европски програми и иницијативи се насочени кон осовременување на македонскиот образовен систем, во смисла на следење на современите развојни тенденции во образованието во Европа, како и зајакнување на институционалните капацитети во сферата на образовните политики.

Инаку, денеска целосна збрка настана со соопштението за активности на  Министерството за образование, во кое погрешно наведените термини за почеток на настаните ги оставија новинарите збунети.