Македонија Ад хок телото со предлог за прекршочна постапка против телевизија „Алфа“

Ад хок телото со предлог за прекршочна постапка против телевизија „Алфа“

Со мнозинство од три наспроти два гласа, Привремената комисија за следење на медиумското претставување на денешната седница даде предлог за поведување прекршочна постапка против телевизија „Алфа“.

Предлогот се однесува на членот 75-б од Изборниот законик, кој регулира објавување прилози за активности на државните институции.

Двајцата членови кои гласаа против предлогот најавија поднесување издвоено мислење. Адхок телото воедно отфрли неколку други предлози за поведување прекршочни постапки.