Свет Абе: Јапонија не може без нуклеарни централи

Абе: Јапонија не може без нуклеарни централи

Јапонија не може без нуклеарна централа, рече јапонскиот премиер Шинѕо Абе во обраќањето пред новинарите во пресрет на петтата годишнина од земјотресот и од цунамито кои доведоа до катастрофи во нуклеарната централа Фукушима.

– Нашата земја е сиромашна со ресурси и не може да се лиши од нуклеарна енергија доколку сака да гарантира редовно снабдување со енергија, имајќи ги предвид економските фактори и климатските промени – рече јапонскиот премиер.

Во земјата наголемо се расправа за повторно пуштање во погон на електраните што беа затворени по катастрофата во Фукушима, за да се утврди исполнувањето на безбедносните критериуми.

Вчера судот наложи затворање на двата нуклеарни реактора кои штотуку беа пуштени во употреба.