Хроника 96 мигранти пронајдени во возило на автопатот Гевгелија – Скопје

96 мигранти пронајдени во возило на автопатот Гевгелија – Скопје

На автопатот Гевгелија – Скопје, во близина на клучката Прдејци, вчера полицијата открила 96 мигранти во товарно возило „мерцедес“.

МВР денеска соопшти дека во товарниот простор на возилото, кое било со скопски регистарски таблички, биле затекнати 96 лица, бегалци од Пакистан, Авганистан, Ирак и од Сирија.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на настанот.