Македонија Ахмети: Ние сме наследници на ОВК

Ахмети: Ние сме наследници на ОВК

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, од Струга порача дека тие се наследници на ОВК и дека имаат изградено вредности со кои можат да се справат со тешкотиите што доаѓаат однадвор, но и однатре.

– ДУИ има постулати и ние ги почитуваме. ДУИ не е организација формирана некој да ја искористува. ОВК  беше формирана како резултат на неправдите кои историски се направени врз Албанци. Ние секој ден работиме во чест на жртвите и трудот кој го вложиле многу генерации национални маченици – истакна Ахмети.

Тој истакна дека ДУИ е за почитување на слободата на говорот и секој може да каже што мисли.

– Политичките противници немаат ништо бидејќи ние не влеговме во политиката за лични интереси. Не велам дека немаме слабости, но треба да работиме заедно – истакна Ахмети.