Хроника 76-годишен пешак загина на крстосница во Скопје

76-годишен пешак загина на крстосница во Скопје

Седумдесет и шестгодишен скопјанец го загубил животот во сообраќајна незгода што утрово, околу 6.20 часот, се случила на крстосницата на улиците Ѓорче Петров и Мајски манифест, соопшти полицијата.

Како што информираат од полицијата, Благоја Н. (76), кој се движел пеш, настрадал откако во него удрило возило, марка „фиат дукато“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 40-годишниот А.Ј.

Од сериозноста на повредите, пешакот починал на местото на несреќата.

Екипа на Секторот за внатрешни работи Скопје извршила увид на местото.