Македонија 30 дена притвор за десетмина од уапсените во акцијата „Чекан“

30 дена притвор за десетмина од уапсените во акцијата „Чекан“

Судија на предходна постапка им одреди триесетдневен притвор на десетмина од уапсените во вчерашната акција на МВР под оперативно име „Чекан“, информираат од Основниот суд Скопје 1.

Четворица од осомничените, меѓу кои и организаторот на групата, се недостапни за органите на прогонот.

Осомничените членови на криминалната група се товарат за злосторничко здружување, изнуда, лихварство и за перење пари.