Култура Фимот „До балчак“ во Виница

Фимот „До балчак“ во Виница

Најновиот филм на Столе Попов, „До балчак“, утре и задутре (четврток и петок) ќе се прикажуваа во виничкиот Дом на културата „Тошо Арсов“.

Тоа ќе биде првата проекција на филмот на Попов во Источна Македонија.

Дејството на филмот „До балчак“ се одвива во годините на општ колапс и слободен пад по крваво задушеното македонско востание од 1903 година.

Главните улоги ги играат Инти Шрај, Сашко Коцев, Мартин Јорданоски и Тони Михајловски.

Проекциите на филмот ќе бидат во кино-салата во Виница и се со почеток од 20 часот.