Хроника 29-годишна Нигеријка настрадала од удар на воз кај Демир Капија

29-годишна Нигеријка настрадала од удар на воз кај Демир Капија

Вработен во „Македонски железници“ вчера претпладне, додека управувал работна машина на пругата Скопје – Гевгелија, во близина на железничката станица во Миравци, кај Демир Капија, во канал забележал човечки леш, информираат од полицијата.

Увид на местото извршила екипа на полициската станица Неготино, која констатирала дека станува збор за Грејс Е. (29) од Нигерија. Според полицијата, девојката имала скршеница на главата од удар, најверојатно од воз.

По наредба на јавен обвинител, телото на Нигеријката било предадено на погребалното претпријатие од Неготино за закоп на градските гробишта.