Хроника 20-годишна гостиварка ранета со огнено оружје

20-годишна гостиварка ранета со огнено оружје

Синоќа, триесетина минути по полноќ, во гостиварската полиција било пријавено дека во медицинскиот центар била донесена 20-годишната Ф.Е. од Гостивар со рана од огнено оружје во стомакот, соопшти полицијата.

Поради сериозноста на повредите девојката била пренесена во Клиничкиот центар во Скопје.

Полицијата ги истражува причините и околностите во кои девојката била ранета и работи на целосно расчистување на случајот.