Македонија 2.137 граѓани со спорни записи до денеска се пријавиле во ДИК

2.137 граѓани со спорни записи до денеска се пријавиле во ДИК

Вкупно 2.137 граѓани чиишто записи во избирачкиот список се спорни се пријавиле до Државната изборна комисија(ДИК), информираат оттаму.

817 лица се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и во дополнителните канцеларии на ДИК, додека 1.320 граѓани за пријавување ја искористиле веб-апликацијата на интернет-страницата на ДИК.

Најмногу граѓани се пријавиле во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кичево.