Македонија 1.560 граѓани со спорни записи се пријавиле во ДИК

1.560 граѓани со спорни записи се пријавиле во ДИК

Вкупно 1.560 граѓани чиишто записи во избирачкиот список се спорни се пријавиле до Државната изборна комисија(ДИК), информираат од ДИК.

522 лица се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и во дополнителните канцеларии на ДИК, додека 1.038 граѓани за пријавување ја искористиле веб-апликацијата на интернет-страницата на ДИК.

Најмногу граѓани се пријавиле во општините Чаир, Тетово, Аеродром и Кичево.