Македонија Јахи Јахиу ослободен од притвор со 105.000 евра кауција и замрзнат имот

Јахи Јахиу ослободен од притвор со 105.000 евра кауција и замрзнат имот

Државниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација, Јахи Јахиу, вчера е пуштен од притвор за да се брани од слобода откако дал гаранција од 105.000 евра и по предлог на Обвинителството, судот го замрзна целиот негов имот.

„Со одлука на судот, прифатен е предлогот на одбраната за да се даде гаранција од 105.000 евра. На барање на надлежниот обвинител, целиот имот на осомничениот е замрзнат. Судот исто така му ја одзеде и патната исправа, и со сите овие гаранции, вчера осомничениот го пушти да се брани од слобода“, велат од Обвинителството за „Порталб.мк“.

Тие додаваат дека случајот е уште во фаза на истрага, а кога ќе има обвинителска одлука, ќе ја информираат јавноста.

Притворот на Јахиу дојде по барање на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Тој беше уапсен кога Обвинителството започна истрага за Јахиу и за уште едно лице – поранешен шеф на сектор во МИОА. За нив постои сомнение дека во периодот 2014-2016 година прифатиле мито од правно лице од Италија – добитник на тендер за ИПА фондови во износ од 1.096.900 евра.

За првиот осомничен – Јахи Јахиу се вели дека добил подарок од 39.930 евра од посредникот, додека вториот осомничен добил 2.500 евра.